Winamp е еден од најпознатите и најкористените мултимедијални плеери од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите. Програмата беше развиена од Justin Frankel и неговата компанија Nullsoft. Првата верзија на Winamp беше објавена на 21 април 1997 година, и беше едноставен плеер кој можеше да репродуцира MP3 и други аудио фајлови брзо привлече внимание поради својата способност да репродуцира MP3 фајлови, што беше новитет во тоа време. Овој плеер беше многу популарен меѓу корисниците поради лесниот интерфејс и можноста за прилагодување со различни скинови и плугини.
Ако може да се верува на најавите популарниот плеер добива нова верзија, а во неговото создавање ќе помогнат програмерите со отворен код.
Winamp објави дека го отвора својот изворен код и ги поканува програмерите да учествуваат во подобрувањето на Windows верзијата на овој музички плеер.
Компанијата нагласува дека допрва ќе го има последниот збор кога станува збор за тоа што ќе биде имплементирано во официјалната верзија на плеерот.
Засега не се знае дали ќе користат лиценца со отворен код, ниту пак за која лиценца станува збор доколку се одлучат за таа опција.
Winamp претходно најави дека мобилната верзија на апликацијата се очекува во јули, со целосно обновување, со нови функции и поддршка за стриминг и подкасти, со цел да го врати на сцена како модерен медија плеер.
Winamp останува икона во светот на медија плеерите, познат по својата иновативност и влијание врз музичката индустрија. И покрај предизвиците и промените, Winamp сè уште има посветена база на корисници и носталгични љубители.