Home ВИ Се одржа првиот избор за „Мис Вештачка Интелигенција“

Се одржа првиот избор за „Мис Вештачка Интелигенција“

111

Овој натпревар е првиот од ваков вид во светот, каде убавината и елеганцијата не се само физички атрибути, туку се и дигитално генерирани преку вештачка интелигенција. Натпреварот имаше за цел да ја промовира употребата на AI во креативните индустрии, истовремено прикажувајќи ја потенцијалната трансформација на традиционалните концепти за убавина.

Натпреварувачките, кои всушност се дигитални креации направени од AI, беа оценувани според различни критериуми. Освен естетиката, жирито го ценеше и нивото на техничка комплексност и иновативност во дизајните. Жирито беше составено од експерти од AI индустријата и AI генерарани личности, кои имаа за задача да ги оценат кандидатките според строго дефинирани параметри.

Победниците односно креаторите добија вредни награди во износ од 20.000 долари, при што финалната победничка доби 5.000 долари. Освен паричните награди, натпреварувачите добија и пристап до менторски програми и PR услуги, кои ќе им помогнат во нивниот понатамошен развој и промоција во светот на дигиталната креативност.

„Со овој натпревар сакаме да го промениме начинот на кој ја перцепираме убавината и креативноста. Вештачката интелигенција има огромен потенцијал да создава неверојатни дигитални дела, и наша цел е да ја промовираме таа иновација,“ изјавија организаторите на WAICA.

Овој настан отвора нови хоризонти за иднината на изборите за убавина и креативност. Вештачката интелигенција не само што го револуционизира технолошкиот сектор, туку и креативните индустрии, покажувајќи дека убавината може да биде и дигитално генерирана.

Технологијата сè уште не е совршена, бидејќи повеќето модели генерирани со вештачка интелигенција сè уште лесно се препознаваат како „лажни“, но технологијата се развива со огромна брзина. И покрај популарноста на аватарите генерирани со вештачка интелигенција, првиот натпревар за Мис на вештачка интелигенција во светот се најде на удар на луѓе кои го обвинуваат за дополнително влошување на нереалните стандарди за убавина поставени од социјалните мрежи.