Home Tech today 3D печатење на чоколадо – спој на технологија и гастрономија

3D печатење на чоколадо – спој на технологија и гастрономија

121

Првото значајно достигнување во 3D печатењето на чоколадо може да се припише на британската компанија Choc Edge. Основана во 2012 година, Choc Edge го создаде Choc Creator, пионерски 3D печатач дизајниран специјално за чоколадо. Choc Creator овозможи создавање на сложени чоколадни дизајни преку екструдирање на стопено чоколадо, што претставува значајна пресвртница во комбинацијата на 3D печатењето и уметноста на кондиторството.

Оттогаш, различни компании продолжија да иновираат во оваа област. Во 2015 година, Hershey’s, во соработка со 3D Systems, го развија CocoJet 3D печатачот, кој е способен да создава прилагодени чоколадни форми и дизајни.

Благодарение на овој невообичаен подвиг, реализиран е проект кој овозможува креирање на уникатни чоколадни уметнички дела, со големо ангажирање на тимот кој е окупиран од љубопитност и желба за комбинирање и создавање нови патенти.

За развивање на оваа иновација е користена најновата опрема, 3D печатар опремен со додаток за 3D печатење со чоколадо – WiiBoox Lucky Bot, нов патент на стартап компанија. Оваа технологија ќе овозможи создавање на персонализирани чоколадни креации кои досега не беа можни. Проектот е тестиран со глобалниот лидер во производство на висококвалитетно чоколадо и какао производи Barry Callebaut. Од нивното чоколадо добивме интересни облици, а од нивните експерти поддршка и признание, што му дава дополнителен значај на овој иновативен подвиг, соопшти Научно-технолошкиот парк во Нови Сад.

Тимот на експерти кој неуморно работеше на реализацијата на овој проект, 3D печатар со чоколадо стана реалност, и го сочинуваат раководителот на секторот за развој на Научно-технолошкиот парк во Нови Сад – Владимир Тодоровиќ, професорот Дејан Моврин и талентираниот студент по мехатроника Младен Милиќ.

Нивниот труд и знаење овозможија идејата да се претвори во конкретен и функционален производ. Овој проект не само што ги поместува границите на технологијата на 3D печатење, туку отвора сосема нови хоризонти за креативност и иновации во нова сфера како што е гастрономијата.

Во текот на есента, Научно-технолошкиот парк во Нови Сад планира низа настани и работилници каде посетителите ќе имаат можност да се запознаат со оваа фасцинантна технологија и да уживаат во уникатните чоколадни креации.