Home ИНОВАЦИИ AI топка на Европското првенство за точни информации и правично судење

AI топка на Европското првенство за точни информации и правично судење

55

Новата технологија на топката “FUSSBALLLIEBE” од Adidas претставува клучен напредок во начинот на спроведување и следење на фудбалските натпревари на врвно ниво. Топката користи напредни сензори кои во реално време испраќаат детални податоци за секој допир на топката до официјалните лица на натпреварот. Овие податоци вклучуваат информации за позицијата, брзината и траекторијата на топката, овозможувајќи побрза и попрецизна анализа за време на натпреварите, наведува порталот Explore Girma.

WebMind во 2022 година пишуваше за специјалната топка која се користеше на светското првенство во Катар, а сега ви ја претставуваме топката од EURO 2024.

Технологијата овозможува и подобро судење, особено во клучни ситуации како што се офсајд и потенцијални пенали. Интеграцијата на податоците за позицијата на играчите со сензорите во топката, поврзаната технологија на топката од Adidas придонесува за ефикасноста на UEFA системот за полуавтоматска офсајд технологија (SAOT).

Овој систем, преку синергија на вештачката интелигенција и реалните податоци, овозможува брзо донесување одлуки, значително намалувајќи го времето потребно за ревизија на спорните офсајд ситуации.

Дополнително, оваа технологија пружа поддршка на официјалните лица на VAR во идентификацијата на секој допир на топката, што е особено значајно за брзи и точни одлуки при инциденти кои вклучуваат играње со рака или доделување пенали. Така се оптимизира времето потребно за донесување одлуки и се намалува прекинувањето на играта, што го подобрува флуидноста и динамиката на натпреварите.

Преку транспарентност и брзина на одлучување, оваа технологија ветува дека UEFA EURO 2024 ќе биде едно од најиновативните првенства во историјата на фудбалот, поставувајќи темели за иднината на овој спорт.