Booking.com од мала холандска стартап компанија прерасна во една од водечките светски дигитални компании во областа на патувањата. Со постојано вложување во развој на технологија која го прави патувањето поедноставно, компанијата ги поврзува милиони патници со незаборавни искуства и широк избор на сместување, од приватни апартмани до хотели. Денес, Booking.com е достапен на 43 јазици и има повеќе од 28 милиони регистрирани сместувачки единици.
### Booking.com – раѓање на идејата
Во текот на 1990-тите години, во мала канцеларија во Амстердам се роди револуционерна идеја. Герт Јан Бруинсма, холандски претприемач, го препозна огромниот потенцијал на интернетот и сфати колку е важно да се има онлајн пазар за патувања. Инспириран од својата визија, Бруинсма во 1996 година го основа Booking.com за да ја пополни празнината помеѓу хотелите и патниците.
На самиот почеток, Booking.com беше скромна организација која имаше во понуда само неколку холандски хотели. Бруинсма веруваше дека онлајн резервациите треба да бидат едноставни и достапни, па разви платформа со високи стандарди и транспарентни цели. Неговиот концепт брзо го најде своето место на пазарот.
### Историја на инвестициите на компанијата Booking.com
Booking.com имаше извонреден пат во однос на инвестициите и растеше органски сѐ до аквизицијата од страна на Priceline Group (сега Booking Holdings Inc.) во 2005 година за 133 милиони долари. Од тогаш, Booking.com е клучен дел на Booking Holdings, која продолжува да вложува во неговиот раст и експанзија. Booking.com не е посебно котиран на берзата. Меѓутоа, неговата матична компанија, Booking Holdings Inc., е јавно тргувана. Booking Holdings излезе на берзата на 31 март 1999 година под ознаката BKNG на NASDAQ. Според најновите податоци, пазарната вредност на Booking Holdings изнесува приближно 105 милијарди долари. Booking.com е во стопроцентно сопствеништво на Booking Holdings Inc. Оваа целосна сопственичка структура овозможува непречено донесување стратешки одлуки и инвестиции насочени кон зајакнување на позицијата на Booking.com на пазарот.
### Како Booking.com користи AI за персонализација на патувањата
Booking.com користи вештачка интелигенција (AI) за унапредување на корисничкото искуство и персонализација на патувањата. Според Пепијн Ријверс, главен директор за маркетинг, AI технологијата им овозможува на корисниците брзо да ги најдат идеалните опции за патување. AI е интегриран во сите аспекти на работењето на компанијата, од безбедност до кориснички сервис. Чатботовите, на пример, автоматски решаваат 60% од корисничките барања. Покрај тоа, AI се користи за персонализација на содржините, препораки за дестинации и приказ на рецензии, со што се подобрува целокупното корисничко искуство, објави порталот Verdict AI.
### Задоволството на корисниците како приоритет
Приоритети им беа задоволството на корисниците и користењето на најсовремените интернет технологии. Благодарение на овој пристап, Booking.com брзо се прошири надвор од границите на Холандија, додавајќи сместувања ширум светот. Нивниот модел на работење, кој им овозможува на корисниците значителни заштеди, придонесе за рапиден раст на компанијата.
Во 2005 година, Booking.com стана дел од Priceline групацијата, што дополнително го забрза нивниот глобален раст. Денес, Booking.com е водечка светска онлајн платформа за патувања, достапна на 43 јазици и со повеќе од 28 милиони регистрирани сместувачки единици. Без разлика каде сакате да патувате или какво сместување барате, Booking.com ви нуди едноставен начин да го најдете совршеното место за престој, со поддршка која е достапна 24 часа на ден.
### Зошто Booking.com е добар деловен партнер?
Компанијата Booking.com ветува поддршка, иновации и транспарентна соработка, комбинирајќи повеќе од 20 години искуство во индустријата со знаење базирано на статистички податоци кои постојано се надградуваат.
Booking.com редовно тестира нови функции на својот веб-сајт за да осигура дека добивате доволен број резервации од вистинските гости, без зголемување на обемот на работа. Компанијата внимателно ги слуша коментарите на своите корисници и постојано ги развива своите производи за да го подобри корисничкото искуство, било да се работи за Booking.com екстранет или апликацијата Pulse.
Производите, алатките и услугите кои Booking.com ги нуди ви даваат детален увид во деловните резултати на вашиот објект. Можете да го споредите вашиот објект со група конкуренти и стандардите на индустријата, како и да планирате стратегии кои ќе го унапредат вашето работење.
Тимот за корисничка поддршка на Booking.com е секогаш на располагање на вас и на вашите гости. Нудат поддршка преку телефон или алатки за размена на пораки на 43 јазици, како и преку Центарот за поддршка на партнери, каде можете да најдете најчесто поставувани прашања, водичи и детални упатства.
Booking.com го користи своето богато искуство и напредни технологии за да ви помогне да остварите успех во динамичниот свет на патувањата. Со нив, можете да бидете сигурни дека вашата соработка ќе биде иновативна, транспарентна и секогаш насочена кон постигнување на најдобрите резултати.