Home ГЕЈМИНГ Колекционер од Саудиска Арабија влезе во Гинисовата книга на рекорди поврза 444...

Колекционер од Саудиска Арабија влезе во Гинисовата книга на рекорди поврза 444 конзоли на еден телевизор

95

Ибрахим Ал-Насер поврзал дури 444 гејмерски конзоли на истиот телевизор – неговата колекција ја вклучува речиси секоја конзола што можел да ја добие, од првата Magnavox Odyssey до PlayStation 5 Slim.

Со оглед на тоа дека физички е невозможно да се поврзат 444 конзоли на еден телевизор, Ал-Насер користи преклопници, а како што рече, за да следи кој канал на која конзола е, има посебна табела Excel.

Според него, овој проект го претставува неговиот „приватен музеј“ и е само дел од пошироката колекција на гејмерски уреди – вклучува сè, од гејмерски конзоли до аркадни машини и многу повеќе.

И конечно, Ал-Насер откри која конзола од оваа гигантска колекција му е омилена – тоа е Sega Mega Drive.