Home МОБИ Huawei го претстави „Mate XT Ultimate Design“ со три екрани само еден...

Huawei го претстави „Mate XT Ultimate Design“ со три екрани само еден ден по „Apple

255

По долгоочекуваното лансирање на новиот iPhone, Huawei го изненади светот со претставувањето на својот нов, револуционерен смартфон, „Mate XT Ultimate Design“. Овој уред, кој е моментално најтенкиот телефон на склопување во светот со дебелина од само 3,6 милиметри, има три екрани и нуди иновативни можности за користење. Уникатниот дизајн со двојни шарки овозможува телефонот да се склопува во облик на буквата „Z“, што му дава флексибилност за користење во повеќе формати.

Кога е склопен како традиционален телефон, „OLED“ екранот има дијагонала од 6,4 инчи, додека целосно расклопен, уредот нуди широк екран од 10,2 инчи со резолуција од 2.232 × 3.184 пиксели. Дополнително, телефонот може да се користи и во конфигурација со помала големина од 7.9 инчи, што го прави идеален за различни видови на активности.

Екраните се опремени со „LTPO“ технологија за адаптивна брзина на освежување, поддржуваат високофреквентно „PWM“ придушување од 1440 Hz и имаат максимална брзина на допир од 240 Hz, што овозможува многу брзо и точно одговор на допир. Батеријата од 5.600 mAh обезбедува долг животен век, а поддржува и брзо полнење од 66 W преку кабел или 50 W безжично полнење.

На задниот дел од уредот се наоѓаат три камери: главна камера од 50 мегапиксели, ултраширока камера од 12 мегапиксели и перископска камера исто така од 12 мегапиксели, додека предната камера за селфи има 8 мегапиксели и е позиционирана на левиот дел од екранот кога уредот е целосно расклопен.

Телефонот располага со 16 GB RAM меморија и две варијанти за складирање – 512 GB и 1 TB, по цени од 3.089 и 3.370 долари, соодветно. Според информации од кинески компании за продажба, веќе има нарачки за над 3,7 милиони парчиња. Со своите иновативни карактеристики и технолошки напредок, Huawei со овој потег се позиционираше како сериозен конкурент во светот на мобилната технологија, предизвикувајќи ги големите играчи на пазарот.