Home Uncategorized Новитет од Youtube кој нема да ви се допадне доколку паузирате видеа

Новитет од Youtube кој нема да ви се допадне доколку паузирате видеа

285

“YouTube” официјално потврди дека вашиот екран за време на паузираното видео сега е рекламен простор.

Функцијата е тестирана од 2023 година, а резултатите, велат тие, биле профитабилни.

Поминаа речиси шест години откако започнаа предупредувањата дека доаѓаат реклами со копчето за пауза и 18 месеци откако “Google” откри дека “YouTube” ќе ги прикажува.

Ads show up when you pause now?
byu/megaoscar900 inyoutube

Сега, “YouTube” потврдува дека огласувачите може да почнат да го таргетираат вашето паузирано време на екранот.

„Бидејќи видовме и силни огласувачи и силен одговор на гледачите, нашироко објавувавме реклами за време на паузите за сите огласувачи“, изјавија од “YouTube” за “The Verge”.

Технички, “YouTube” почна да користи „паузирани реклами“ со избрана група огласувачи во 2023 година, но главниот бизнис директор на “Google”, Филип Шиндлер, во април откри дека тие биле неочекувано голем хит меѓу огласувачите, а во исто време и многу профитабилни за Google.

“YouTube” тврди дека паузираните реклами се всушност дизајнирани да ѝ овозможат на компанијата да ви понуди искуство со малку попречувања. Инаку, лани беа воведени и реклами кои не можат да се прескокнат.

“YouTube” ги следи “Hulu” и “AT&T” во продажбата на паузирани огласи. “Sling TV”, исто така, реклами при паузирање во јули, иако тогаш можевте да ги исклучите во поставките.