Home ЗАНИМЛИВОСТИ Microsoft без најава повторно ќе го користи нивниот стар и познат бренд...

Microsoft без најава повторно ќе го користи нивниот стар и познат бренд MSN

69

Пред само три години Microsoft го претстави Microsoft Start, како бренд кој од компанијата почнаа да го користат за нивниот аграгатор за вести. Овој агрегатор, покрај на веб, може да се користи како мобилна апликација, а го има вграден во Microsoft Edge (ЕЏ), како и во Windows. 

Сега, од непознати причини, Microsoft повторно се враќа на нивниот стар и позната бренд MSN. Доколку се отворат досегашните start.com или microsoftstart.com страна, истите сега води од msn.com, страна која не престана да функционира изминатите години и покрај новиот бренд. 

Засега не е познато дали и кога може да се очекува промена на името и кај мобилните апликации, а таму каде што е направена промената може да се забележи освежување на MSN логото со новиот стил кој од компанијата го користат со Windows 11. 

Инаку, MSN беше име кое Microsoft започна да го користи во деведесеттите години, а се користеше на почеток како сервис за интернет во 1995, по што во 1998 година започнува со работа познатиот портал достапен до ден денес. 

Под овој бренд имаше повеќе познати сервиси, а можеби најпознатиот кај нас беше MSN Messenger.