Home ЗАНИМЛИВОСТИ Футуристичкиот град на Тојота наесен ќе добие жители

Футуристичкиот град на Тојота наесен ќе добие жители

25

Околу 100 вработени на позната автомобилска компанија Тојота наесен треба да се вселат во футуристичкиот „Плетен град“ кој компанијата го гради за нив. Тој број треба да се зголеми на вкупно 360 лица во првата фаза, пред населението да достигне 2.000 луѓе.

Во „Плетен град“ жителите ќе тестираат нови автономни возила и решенија за мобилност. Улиците ќе бидат поделени во три ленти, една за автономни возила, друга за велосипеди и трета за обични автомобили. Зградите од дрво се протегаат на простор од 70 хектари широк 150 метри.

Жителите ќе бидат познати како Ткајачи, а ќе им се придружат и Пронаоѓачи кои „ќе ја делат обврската да работат за некој друг освен за себе“. Тие ќе бидат фокусирани на развој, тестирање и оценување на иновативни производи и услуги.

Сите станови имаат тераси, а зградите на врвот ќе имаат соларни панели.

Многу од овие „пронаоѓачи“ ќе доаѓаат од Тојотa или од компании кои се дел од Тојота груп. Ќе има и такви кои „создаваат нова вредност преку иновативни концепти за автомати“, други ќе ја истражуваат културата на храната и „футуристичките кафеански искуства“.

Тојота ја започна изградбата во 2021 година со цел да се трансформира поранешната фабрика Хигаши-Фуџи Тојота во Сусоно Сити, Јапонија. Локацијата е претворена во комплекс со корпоративен дел, додека другиот дел е за заедницата.