Home АПЛИКАЦИИ Ако имате iPhone, погрижете се да го инсталирате најновиот iOS

Ако имате iPhone, погрижете се да го инсталирате најновиот iOS

14

Помалку од еден месец по официјалното објавување на iOS 18.2, Apple веќе ги објави iOS 18.2.1 и iPadOS 18.2.1, кои носат важни поправени грешки. Технолошкиот гигант од Купертино им препорачува на сите корисници што е можно поскоро да ги ажурираат своите телефони и таблети со најновата верзија на нивниот интерфејс од безбедносни причини.

Ажурирањето на iOS 18.2.1 зафаќа помеѓу 372 и 511 MB, во зависност од уредот на корисникот. Како што е вообичаено, известувањата за ажурирање треба автоматски да се појавуваат на iPhone и iPad уредите кои ја поддржуваат таа софтверска верзија, а можно е и рачно да се провери дали има ажурирање во поставките, пишува GSMArena.

Патем, неодамна претставениот iOS 18.2 пристигна со многу нови функции на Apple Intelligence, вклучувајќи ги алатките Image PlayGround и Genmoji. Но, можеби најинтересно од сè, ја вклучува и долгоочекуваната интеграција со ChatGPT, до која корисниците можат да пристапат преку Siri или алатките за пишување на Apple.

Не е потребна корисничка сметка за користење на ChatGPT, иако корисниците можат да се логираат доколку сакаат.