Home АПЛИКАЦИИ Младите американци масовно бегаат од ТикТок на кинеската апликација РедНоут

Младите американци масовно бегаат од ТикТок на кинеската апликација РедНоут

16

Корисници на ТикТок во САД масовно преминуваат на кинеската апликација РедНоут (RedNote), додека се чека пресудата за негова можна забрана во земјата, што треба да биде изречена на 19 јануари. Потегот на корисниците, кои се нарекуваат себеси „ТикТок бегалци“, ја направи РедНоут најсимнуваната апликација во САД вчера.

РедНоут е конкурент на ТикТок популарен кај младите во Кина, Тајван и во другите подрачја каде што се збори мандарински. Има 300 милиони корисници месечно и личи на комбинација на ТикТок и Инстаграм. Корисниците тука разменуваат совети и предлози за теми како мода и запознавање.

РедНоут бил лансиран во 2013 и во прв момент служел како шопинг водич, пред да порасне во голема социјална мрежа и сериозен играч во областа на кратки видеа.

И покрај заканата од забрана, ТикТок е дециден дека нема да го продаде својот американски бизнис. Оваа апликација има 170 милиони корисници во САД.

Иако со забраната ТикТок нема да исчезне веднаш, таа ќе бара од продавниците за апликации да престанат да го нудат, па може да го снема со тек на времето.