Home МРЕЖИ Јутјуб го слави својот 20-ти роденден: Како дошлa идејата што доведе до...

Јутјуб го слави својот 20-ти роденден: Како дошлa идејата што доведе до вирални сензации и ѕвезди?

84

Сето тоа започна како необична идеја на тројца поранешни вработени во Пејпал – Џавед Карим, Чад Харли и Стив Чен – кои го активираа својот домен на Денот на вљубените во 2005 година, не знаејќи точно во кој правец сето тоа ќе се движи, пренесува Дојче веле.

На церемонијата на дипломирање на Универзитетот во Илиноис во 2007 година, Џавед Карим, кој е роден во Германија, објасни: „Ние дури и не знаевме како да го опишеме нашиот нов производ. За да привлечеме внимание, едноставно рековме дека тоа е нов вид на страница за запознавање “. Имавме дури и слоган: „Вклучи се, поврзи се“.

Но, никој во САД не покажал интерес за нивната страница. Дури ни рекламите во специјализираните списанија во Лас Вегас и Лос Анџелес, кои им нудат на жените 20 долари за да ги објават своите видеа на страницата, не помогнаа.

Тие го промениле правецот кога забележале дека корисниците наместо тоа објавуваат видеа од кучиња, одмори и слична содржина. „Тоа ни изгледаше многу интересно. Си рековме: Зошто да не дозволиме корисниците да го дефинираат Јутјуб? До јуни, целосно ја редизајниравме страницата, правејќи ја поотворена за широк опсег на содржини. И тоа функционираше“.

Веќе во првата година од постоењето, Јутјуб привлече корисници ширум светот благодарение на едноставниот интерфејс и новитетот што му дозволуваше на секого да стане креатор на содржина – сè што им требаше беше корисничка сметка и камера. Покрај тоа, корисниците можеа да „лајкуваат, коментираат или да се претплатат“, а содржината се прикажуваше последователно. На тој начин се создаде инклузивно, интерактивно искуство.

Во ноември 2006 година, Гугл го препозна потенцијалот на страницата и го купи Јутјуб за 1,65 милијарди долари.

Денес, секоја минута на Јутјуб се поставуваат повеќе од 500 часа содржина.

Во моментов најгледаното видео е „Бејби шарк денс“ со повеќе од 15 милијарди прегледи.

Сепак, платформата се соочи и со критики за начинот на кој управува со авторските права, за ширење теории на заговор и несоодветна содржина.

Воведени се различни мерки за решавање на овие прашања, вклучувајќи построги упатства за содржината и подобрени алгоритми за филтрирање на штетни материјали.

Критичарите, сепак, тврдат дека дезинформациите сè уште постојат, а Гугл ги отфрла регулативите на ЕУ кои би се занимавале со нив.