Home ВИ Во Кина одржан првиот турнир во борачки вештини со хуманоидни роботи

Во Кина одржан првиот турнир во борачки вештини со хуманоидни роботи

71

Хангжу во Кина бил домаќин на првиот турнир во борачки вештини во светот на кој учествувале исклучиво хуманоидни роботи.

Кинеските медиуми велат дека ова е историски момент за домашната роботска индустрија, особено за производители како што е „Унитри“, чии роботи биле меѓу учесниците. Гледачите можеле да видат серија демонстративни и вистински борби со роботи водени од човечки оператори. Имало боксерски и кикбокс-натпревари еден на еден, но и групни борби, во кои роботите во рингот биле контролирани од четири оператори истовремено.

Некои роботски борци веќе демонстрирале импресивни вештини во удирање со прави тупаници, како и техники на шутирање и „летачки“ удари со нога, а оние што биле погодени ги демонстрирале своите вештини за станување од земјата по падот, според пишувањата на репортерите од натпреварот. Како и во вистинските борби, регистрирани биле и „повреди“ – бидејќи многу роботи претрпеа оштетувања од удари, првенствено на нивниот метален оклоп, и покрај фактот што носеа ракавици и кациги за време на борбата.

Имало и неочекувани ситуации, па еден од „борците“ паднал и ја загубил борбата. Другиот се заплеткал во јажињата околу рингот и не можел да се помрдне, ниту да се бори. Следниот чекор, велат организаторите, ќе биде развој на невронски мрежи кои, наместо луѓето, би можеле да ги контролираат движењата на борбените роботи и да им овозможат да се борат автономно. Во секој случај, натпревари како овој ќе продолжат да се организираат за да се истакнат можностите на кинеската роботска индустрија, интеграцијата на науката, културата и туризмот, а воедно да бидат и едукативни и забавни.