Во јавноста се појавија околу 16 милијарди украдени лозинки од корисници на различни социјални мрежи и интернет платформи, што предизвика големо предупредување од безбедносните експерти.
Овие лозинки биле собирани со години и се дел од голем безбедносен пропуст кој ги загрозува приватноста и безбедноста на корисниците.
Експертите советуваат да се избегнува повторната употреба на истите лозинки на повеќе платформи, да се менуваат редовно и да се користи двофакторска автентикација како дополнителна заштита.
Корисниците се повикуваат веднаш да ги променат своите лозинки и да бидат внимателни на можни обиди за злоупотреба на нивните сметки.