Home АПЛИКАЦИИ „Чет-ГПТ“ сега може да креира слики преку „Вацап“

„Чет-ГПТ“ сега може да креира слики преку „Вацап“

70

Кон крајот на минатата година „Опен АИ“ овозможи интеракција со својот мегапопуларен „Чет-ГПТ“ преку „Вацап“. Сè што треба да направите за да пристапите до чет-ботот е да го додадете во вашите контакти и да му испратите порака преку „Вацап“ на телефонскиот број +18002428478 (или како што Американците би напишале 1-800-ChatGPT).

Бесплатно, но ограничено

Досега оваа функционалност овозможуваше само текстуални разговори со чет-ботот (во САД и гласовни разговори), но не поддржуваше мултимодалност, т.е. не можевте да му дадете слика за анализа, ниту пак можеше да генерира слики. Ова сега е додадено, па можете да комуницирате со „Чет-ГПТ“ преку слики во рамките на „Вацап“, исто како што би правеле во рамките на неговата сопствена апликација.

Системот овозможува препознавање на слики и содржина на нив, реинтерпретирање на дадените слики во различен стил, нивно усовршување и креирање варијации на тема, но и генерирање сосема нови илустрации само врз основа на текстуален опис. Илустрациите се со ист квалитет како да го користите „Чет-ГПТ“ директно, тие пристигнуваат во разговорот во рок од една или две минути, но има ограничување на количината – системот ви овозможува да генерирате само една слика во рок од 24 часа.

Ограничувањето може да се продолжи со поврзување на вашата сметка на „Чет-ГПТ“ со вашиот мобилен број на „Вацап“. Потоа дневниот лимит е 10 слики дневно за бесплатна употреба, како во случајот со бесплатната десктоп-верзија на „Чет-ГПТ“. Генерираните илустрации доаѓаат во .jpeg формат, а големината е 1.536×1.024 пиксели.