Како што е веќе познато, функцијата за испраќање директни пораки е достапна само за профили на корисници кои имаат 16 години и повеќе, а токму тие корисници ги добиваат новите можности, кои подразбираат испраќање на кратки гласовни пораки и фотографии преку директни пораки.
Со држење на копчето со иконата на микрофон започнува снимањето, а веднаш штом ќе се пушти копчето, гласовната порака автоматски се испраќа. Доколку корисникот сака да го откаже испраќањето, треба да повлече со прстот налево по екранот.
Корисникот е ограничен на испраќање до девет фотографии (и видеа) одеднаш, а гласовните пораки и клиповите не можат да бидат подолги од една минута.