Home АПЛИКАЦИИ Google Maps добива помош од Gemini за подобра навигација

Google Maps добива помош од Gemini за подобра навигација

41
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Нешто што беше најавено минатата година, Google сега подетално го воведува, а и конечно за сите корисници во светот. Google Maps добива интеграција со Gemini, а со тоа помош од овој ВИ асистент за одредени активности во апликацијата. 

Gemini посебно ќе биде корисен за време на навигација, а тука се и главните новини кои ги најавија од компанијата. 

За време на активна навигација корисниците ќе можат да го активираат Gemini во Google Maps и да започнат разговор, веќе стандарден со ваквите асистенти, односно нормално како да се разговара со друг човек. 

Gemini ќе може да предложи попатни застанувања врз основа на барањето на корисникот, а на Android ќе може да се поврзе и со другите апликации, па на пример да додаде настан во календарот. 

Дополнително, за време на навигацијата корисниците ќе можат да му кажат на Gemini дека на одредена локација има сообраќајна незгода или било каков друг проблем кој предизвикува застој и прекин во сообраќајот. 

Gemini ќе биде тука и за директна помош за насоките при возењето, па корисниците можат да очекуваат подетални насоки, односно истакнување на одредени објекти со што корисникот подобро ќе разбере каде треба да заврти. 

Активирањето на Gemini при навигација може да се направи преку ново копче или преку кажување на командата „Hey Google“, секако доколку е вклучена. 

Најавените новини ќе им станат достапни на сите корисници на Android и iOS каде што е достапен Gemini во наредните неколку недели.