Home ЗАНИМЛИВОСТИ Кина создаде хуманоиден робот со толку природни движења што мораа да го...

Кина создаде хуманоиден робот со толку природни движења што мораа да го исечат за да докажат дека не е човек

18
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Кинеската компанија „Шао Панг моторс“, позната по електричните автомобили, го претстави хуманоидниот робот АЈРОН,(IRON) чии движења се толку природни што на презентацијата во Гуангжу инженерите морале да го отворат на сцената за да докажат дека внатре нема човек.

АЈРОН има флексибилен, „човечки“ ‘рбет, зглобови што се виткаат во повеќе насоки и вештачки мускули што му овозможуваат да се движи речиси идентично како луѓето. Сето тоа е напојувано од сопствената архитектура со вештачка интелигенција од компанијата, која му овозможува на роботот да ги толкува визуелните информации и да реагира физички, без да мора да го „преведува“ она што го гледа во јазични команди.

Ново ниво на реализам во хуманоидната роботика

Според извршниот директор на компанијата, Хи Шаопанг, дизајнот на роботот е намерно направен да личи на човечкото тело, но задржува малку „непријатен“ изглед што ја истакнува границата помеѓу човекот и машината.

Роботот има 82 степени на слобода на движење, вклучувајќи 22 во секоја рака, што му овозможува да се витка, да се врти и да гестикулира речиси како вистински човек. Се напојува со три процесори со вештачка интелигенција со комбинирана моќност од 2.250 трилиони операции во секунда (TOPS), што го прави меѓу најмоќните хуманоидни роботи денес.

Роботот има внатрешен ендоскелет и бионички мускули, а надворешноста е покриена со синтетичка „кожа“ што дава чувство на топлина и навистина е природна на допир. Директорот вели дека во иднина корисниците ќе можат да ги изберат висината, градбата, па дури и полот и стилот на роботот, слично како што денес се избираат боите и украсите на автомобилот.

Ова е првиот хуманоиден робот во светот што користи батерија со цврст електролит, што го прави побезбеден за работа во затворени простори бидејќи не користи запаливи течни електролити типични за литиум-јонските батерии.

Засега не е планирано да се користи во домаќинства, туку во комерцијални средини како што се изложбени салони и канцеларии, а првите примероци ќе се појават во 2026 година.