Home ЗАНИМЛИВОСТИ Sony подготвува нова технологија за телевизори што ќе му конкурира на OLED

Sony подготвува нова технологија за телевизори што ќе му конкурира на OLED

58
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Подготовките на Sony за претставување на новата генерација RGB LED телевизори добија официјален замав. Како што пренесува TechRadar, изгледа дека Sony го заштитил името „True RGB“, сигнализирајќи го доаѓањето на технологија која многумина ја гледаат како следниот голем чекор во светот на телевизорите.

Иако Sony претходно годинава ја опиша новата технологија како нешто што припаѓа на 2026 година, неодамнешната регистрација на името во Јапонија и Канада потврдува дека нивните планови забрзано се реализираат. Извршните директори на компанијата не сакаа да го откријат точниот датум на излегување, но не ја исклучија ни можноста за премиера на претстојниот CES.

Главните предности на RGB LED технологијата се исклучителната светлина и прецизност. Овие телевизори се значително посветли од OLED моделите и бараат помалку филтрирање на боите во споредба со другите LED технологии, што резултира со помало „протекување“ на светлина од светлите кон темните делови на сликата. Идеални се за гледање во осветлени простории, а можат да бидат и поенергетски ефикасни.

„OLED е на пазарот со години, а сè уште е практично заглавен на 97 инчи, при што таа дијагонала е и понатаму исклучително висока по цена во споредба со моделите од 83 или 77 инчи. Скалибилноста ќе биде една од клучните предности на RGB LED технологијата“, тврдат од Sony.

Се чини дека 2026 ќе биде годината на RGB LED телевизорите, бидејќи и конкуренцијата не спие. Hisense планира да лансира серија модели од 55 до 100 инчи по конкурентни цени, заедно со нивниот огромен 116-инчен модел 116UX, чија почетна цена изнесува 24.999 долари. TCL исто така ги претстави своите адути — моделите Q9M и Q10M Ultra, при што почетната цена за 65-инчниот Q9M на кинескиот пазар е околу 1.150 долари.

Samsung веќе го најави својот прв micro-RGB телевизор — импресивен модел од 115 инчи со цена од околу 32.000 долари, кој по Јужна Кореја пристигнува и на американскиот пазар. Дури и LG, иако без официјална најава, ги откри своите планови освојувајќи CES награда за иновација за мистериозниот „премиум LCD TV со Micro RGB технологија“.