|
Getting your Trinity Audio player ready...
|
Компанијата Apple официјално го претстави новиот лаптоп MacBook Neo, кој веднаш привлече внимание бидејќи станува збор за најдостапниот MacBook досега. Почетната цена изнесува околу 599 долари, што е значително пониско од моделите како MacBook Air и MacBook Pro.
Новиот уред е наменет за корисници кои сакаат Apple лаптоп по пониска цена, особено студенти и луѓе кои лаптопот го користат за секојдневни задачи – интернет, документи, учење и мултимедија.
Моќен чип – но од iPhone
Најголемата новина кај MacBook Neo е што работи со A18 Pro процесор, истиот чип што се користи во iPhone 16 Pro. Ова е првпат Apple Mac компјутер да користи чип од iPhone серијата наместо M-серијата процесори.
Според Apple, лаптопот може да биде значително побрз во секојдневни задачи и обработка на фотографии, а истовремено е оптимизиран и за AI функции.
Што нуди MacBook Neo
MacBook Neo доаѓа со:
- 13-инчен Liquid Retina екран со резолуција 2408×1506
- 8 GB RAM и 256 или 512 GB SSD
- 1080p камера за видеоповици
- две USB-C порти и приклучок за слушалки
- батерија до 16 часа работа
- тежина од околу 1,2 килограми
Лаптопот е достапен во четири бои: Silver, Indigo, Blush и Citrus.
Ниска цена, но и неколку компромиси
За да ја постигне пониската цена, Apple направи и неколку компромиси. Основниот модел има само 8 GB RAM која не може да се надградува, нема MagSafe полнење и некои верзии немаат Touch ID.
Сепак, со ваквата стратегија Apple директно влегува во конкуренција со евтините Windows лаптопи и Chromebook уреди, кои досега доминираа во овој ценовен сегмент.
Кога ќе биде достапен
MacBook Neo е најавен на почетокот на март 2026 година, а продажбата започнува на 11 март.









































