Home МРЕЖИ X официјално започна со прикажување на земјата од која се креирани и функционираат...

X официјално започна со прикажување на земјата од која се креирани и функционираат профилите на мрежата

18
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Од изминатиот викенд, X мрежата официјално за сите корисници во светот ја пушти можноста да се види во која зема е креиран одреден профил, како и од која земја функционира. 

Целта на оваа новина е поголема транспарентност, а посебно за сметките кои имаат големо влијание врз јавното мислење, како на пример профилите кои имаат за цел да поддржат одредена политичка страна или одредена идеологија.

Очекувано, оваа новина предизвика доста реакции, посебно во САД, а во главно поради излегувањето на површина дека одредени профили кои имаат поддржувано одредена страна на минатите избори, воопшто и не се од земјата. 

Познато е дека преку друштвените мрежи функционираат доста „ботови“, а справувањето со нив беше една од главните цели на Елон Маск кога ја купуваше Twitter, дури имаше шанса и да се откаже поради тоа. 

Информацијата за тоа од која земја е одреден профил може да се провери со притискање на името од профилот, како и преку притискање на датата на креирање на профилот.