Home ВИ “Сора”, најновиот од текст-до-видео модел на OpenAI

“Сора”, најновиот од текст-до-видео модел на OpenAI

147

Сора е иновативен систем кој може да генерира видеа од текстуални описанија. Лансиран на 15 февруари 2024 година, Сора импресионира со својата способност да создава високо дефинирани видеа, како што се сцени со возење на автомобил по планински пат и снежни улички во Токио.

Овој модел, според OpenAI, користи напредни методи за трансформација на текст во видео и може да генерира видеа до една минута. Сора е подхранета со огромен број видеа, а нејзините можности се навистина големи, иако има одредени ограничувања.

OpenAI истакнува дека планираат да ја направат Сора достапна за јавноста, но засега пристап имаат само одбрана група на експерти и креативци. Целта е да се подобрат нејзините способности и да се обезбеди безбедна употреба.

За тоа колку Сора кога ќе се здружи со ChatGPT може да направи ќе ви покажеме со следното видео кое што е првиот експеримент на видео создадено со Сора и OpenAi кое комбинира реални ликови и места комбинирани, со вештачка интелигенција користена за креација на човекот со балон наместо глава.