Home АПЛИКАЦИИ За да избегне построга регулатива компанијата „Телеграм“ лажела за бројот на корисници

За да избегне построга регулатива компанијата „Телеграм“ лажела за бројот на корисници

277

Европската Унија би можела да ѝ го загорчи животот на компанијата „Телеграм“, која е под истрага за наводно намалување на бројот на нејзини корисници на територијата на ЕУ. Овој потег доаѓа откако Франција го обвини и уапси основачот Павел Дуров, што дополнително ја комплицира ситуацијата за платформата. Се сомнева дека „Телеграм“ го намалила бројот на корисници за да избегне да влезе во категоријата „многу големи платформи“ за кои важат построги правила од Законот за дигитални услуги.

Според овој закон, платформите со повеќе од 10% од вкупно 450 милиони корисници во Европа се сметаат за многу големи и подлежат на строга регулација. Во февруари, „Телеграм“ објави дека има 41 милион корисници во ЕУ, што е околу 10% од прагот за применување на овие регулативи. Меѓутоа, овој месец компанијата не го објави точниот број на корисници, предизвикувајќи сомнеж во Брисел. Некои веруваат дека „Телеграм“ има над 45 милиони активни корисници, што би значело дека треба да се соочи со построгите правила.

Европската Унија ги смета големите интернет платформи за особено ризични во однос на ширењето нелегална содржина и штетни ефекти врз општеството. Правилата од Законот за дигитални услуги веќе се применуваат на таканаречените многу големи платформи, како што се Фејсбук, Амазон, Тик-ток и други, кои се обврзани да споделуваат одредени податоци со Европската комисија.

„Телеграм“ објави дека има значително помалку од 45 милиони активни месечни корисници во ЕУ, но не ја даде точната бројка. Ова предизвика дополнителен сомнеж и најави за подетална истрага во ЕУ. Според некои проценки, бројот на корисници на „Телеграм“ во ЕУ може да биде и до 69 милиони, што значително го надминува прагот за „многу големи платформи“.

Доколку истрагата покаже дека „Телеграм“ има повеќе од 10% од корисниците во ЕУ, компанијата ќе мора да ги почитува строгите правила и регулативи што важат за останатите големи платформи во Европа.