Home АПЛИКАЦИИ TикТок поднесе жалба до Врховниот суд на САД за да избегне забрана...

TикТок поднесе жалба до Врховниот суд на САД за да избегне забрана во земјата

20

Кинеската платформа за споделување кратки видеа „ТикТок“ направи последен обид да спречи евентуална забрана во САД со поднесување жалба до Врховниот суд, пренесе ДПА.

Платформата, во сопственост на БајтДенс (ByteDance) со седиште во Пекинг, вчера поднесе жалба за да го оспори законот на САД со кој се бара да ја промени сопственоста до 19 јануари или да стане недостапна за преземање во САД.

Образложението зад законот, кој стапи во сила во април, го наведува ризикот Кина да добие пристап до американските податоци преку платформата и да изврши политичко влијание во земјата.

Американскиот претседател Џо Бајден има овластување да го продолжи рокот за промена на сопственоста за три месеци, но ТикТок досега одбиваше да размислува за таков чекор.

Минатата недела апелациониот суд во главниот град Вашингтон го прогласи усвоениот правен акт против „ТикТок“ за правен.

Подружницата на групата ByteDance во својата тужба тврди дека законот ја прекршува слободата на говорот содржана во Уставот на САД. Сепак, судот констатира дека статутот е во согласност со долготрајните регулаторни практики и оти американскиот Конгрес немал намера да потисне слободна на изразување.

ТикТок тврди дека има 170 милиони корисници во САД.