Home СОФТВЕР Објавени детали за исклучувањето на „Скајп“ и преминот кон „Тимс“

Објавени детали за исклучувањето на „Скајп“ и преминот кон „Тимс“

45

Неофицијалните вести за можното гасење на „Скајп“ во мај годинава траеја само еден ден. Штом оваа информација се појави во јавноста и стана вирална низ светот, „Мајкрософт“ немаше друг избор освен да ги објави целосните детали за својот план да ја повлече апликацијата за видеоповици. Повеќе од две децении од неговото лансирање и околу 14 години под сопственост на „Мајкрософт“, „Скајп“ ќе биде трајно затворен овој мај.

„Следното поглавје“, како што компанијата ја нарекува транзиција кон „Тимс“, треба да донесе повеќе опции за сегашните корисници на „Скајп“ во помодерна апликација. Покрај класичните еден-на-еден или групни видеоповици, пораки и споделување датотеки, „Тимс“ нуди и организација на состаноци, управување со календар и започнување и придружување на различни заедници – сето тоа во бесплатната верзија на апликацијата.

Како да се префрлите од „Скајп“ на „Тимс“?

Постојните корисници на „Скајп“ ќе имаат можност лесно и ефикасно да се префрлат на „Тимс“, велат од Мајкрософт“. Процесот ќе биде бесплатен и едноставен. Во наредните денови тие ќе можат да се логираат на новата апликација користејќи ги нивните детали за најавување на „Скајп“. Кога ќе се најавите на „Тимс“, информациите за вашата сметка, контактите и историјата на разговорите автоматски ќе се префрлат. За време на краток преоден рок, ќе биде овозможена и комуникацијата помеѓу „Тимс“ и „Скајп“, така што секој ќе може да остане во контакт со секого.

На корисниците им е дозволено да ја преземат целата своја база на податоци од „Скајп“, во случај да не сакаат да се префрлат на „Тимс“. Архивата на повици, пораки и контакти може да се преземе на вашиот компјутер до 5 мај, до кога „Скајп“ ќе остане функционален.

Префрлањето од „Скајп“ на „Тимс“ се врши во три чекори:

-Преземете ја бесплатната апликација „Мајкрософт Тимс/Microsoft Teams“ од овaa страницa,

-Најавете се користејќи ги вашите детали за „Скајп“,

-Започнете да ја користите „Тимс“ каде што сте застанале во „Скајп“.