Home АПЛИКАЦИИ Проблеми со ChatGPT: Некои корисници пријавуваат недостапност и значително забавување на услугата

Проблеми со ChatGPT: Некои корисници пријавуваат недостапност и значително забавување на услугата

63

Вештачко-интелигентниот чет-бот ChatGPT, развиен од компанијата OpenAI, од утрово е недостапен за дел од корисниците ширум светот, додека кај други работи забавено и со потешкотии.

Според податоците на платформата DownDetector, од 9 часот изутрина пристигнуваат бројни пријави за проблеми со функционирањето на оваа популарна алатка, а прекините ги потврдија и корисници на социјалните мрежи X и Reddit. Освен ChatGPT, проблеми се забележани и кај алатката Sora, која генерира видео-содржини од текст.

Кај некои корисници, апликацијата реагира само со порака за грешка:

„Хмм… изгледа дека нешто тргна наопаку“, додека други успеваат да пристапат до чет-ботот, но се жалат на значително подолг временски одзив од вообичаениот.

Има и корисници кои воопшто не се засегнати од прекините, што укажува дека проблемот не ги погодува сите подеднакво, пренесува The Verge.

Од компанијата OpenAI велат дека „сè уште го истражуваат проблемот“, но засега не е познато што точно ги предизвикува прекините, ниту кога услугата ќе биде целосно стабилизирана.