Home Uncategorized 16 милијарди лозинки од социјални мрежи во јавност

16 милијарди лозинки од социјални мрежи во јавност

120

 

Во јавноста се појавија околу 16 милијарди украдени лозинки од корисници на различни социјални мрежи и интернет платформи, што предизвика големо предупредување од безбедносните експерти.

Овие лозинки биле собирани со години и се дел од голем безбедносен пропуст кој ги загрозува приватноста и безбедноста на корисниците.

Експертите советуваат да се избегнува повторната употреба на истите лозинки на повеќе платформи, да се менуваат редовно и да се користи двофакторска автентикација како дополнителна заштита.

Корисниците се повикуваат веднаш да ги променат своите лозинки и да бидат внимателни на можни обиди за злоупотреба на нивните сметки.