Home ВИ Google воведува нови функции во AI начинот на пребарување

Google воведува нови функции во AI начинот на пребарување

735
АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Google ги прошири можностите за пребарување преку функцијата AI Mode, донесувајќи низа нови опции што ќе функционираат на различни типови уреди – од мобилни телефони до компјутери. Најинтересна новина е можноста за вчитување PDF-документи директно во AI Mode, каде што вештачката интелигенција ќе го анализира содржајот, ќе го поврзе со релевантни информации од интернет и ќе понуди детални одговори.

Покрај тоа, пристигнува и Canvas, нова функција што им помага на корисниците да ги организираат информациите преку динамична странична лента. Според Google, Canvas овозможува поставување дополнителни прашања и доработка на содржината, а наскоро ќе поддржува и вчитување документи. Прво ќе биде достапна за корисници во САД, а потоа и глобално.

Дополнително, функцијата Search Live сега е интегрирана со Google Lens и овозможува поставување прашања преку видео. Во пракса, тоа значи дека корисниците ќе можат да ја насочат камерата на својот мобилен телефон кон некој објект и да постават прашање на кое AI Mode ќе одговори. Како изгледа ова во пракса, може да се погледне во приложеното видео.

Последната новина е дека во Chrome ќе биде достапна опцијата „Ask Google about this page“ („Прашај го Google за оваа страница“), која преку странична лента ќе нуди AI-резимеа и можност за поставување дополнителни прашања преку AI Mode.

Повеќе детали за овие промени се достапни на официјалниот блог на Google.