„Мајкрософт“ воведува генеративна вештачка интелигенција за приспособување на приказната во игрите
Патентот, поднесен од „Мајкрософт“ во 2024 година, опишува како генеративната вештачка интелигенција може брзо да создаде предмети и содржини релевантни за приказната на играта врз основа на информации што ќе ги внесе корисникот. Овој систем им овозможува и на дизајнерите и на играчите да ги приспособат правилата на играта, да создаваат нови системи, НПЦ-карактери или дури и наративна содржина...
Младите американци масовно бегаат од ТикТок на кинеската апликација РедНоут
Корисници на ТикТок во САД масовно преминуваат на кинеската апликација РедНоут (RedNote), додека се чека пресудата за негова можна забрана во земјата, што треба да биде изречена на 19 јануари. Потегот на корисниците, кои се нарекуваат себеси „ТикТок бегалци“, ја направи РедНоут најсимнуваната апликација во САД вчера. РедНоут е конкурент на ТикТок популарен кај младите во Кина, Тајван и во...
ТикТок демантира дека кинеската Влада ќе му ја продаде платформата на Маск
– ТикТок го отфрли како „чиста фикција“ извештајот во кој се тврди дека кинеската влада размислува да ја продаде платформата на Илон Маск за да избегне забрана во САД. Блумберг Њуз објави дека кинеските власти се во прелиминарни разговори за потенцијална продажба, за да се избегне забраната што треба да стапи во сила доколку кинескиот сопственик БајтДенс (ByteDance) не го...
Претставен е уникатен лаптоп со екран кој се зголемува
"Lenovo" го претстави уникатниот лаптоп "ThinkBook Plus Gen 6" на саемот за електроника "CES 2025" во Лас Вегас. Станува збор за лаптоп со "OLED" екран кој се шири, односно се издолжува нагоре со притискање на копче, менувајќи ги неговите карактеристики. На прв поглед, тоа е релативно скромен лаптоп со дијагонала од 14 инчи и резолуција од 2000×1600 пиксели, но со притискање...
Ако имате iPhone, погрижете се да го инсталирате најновиот iOS
Помалку од еден месец по официјалното објавување на iOS 18.2, Apple веќе ги објави iOS 18.2.1 и iPadOS 18.2.1, кои носат важни поправени грешки. Технолошкиот гигант од Купертино им препорачува на сите корисници што е можно поскоро да ги ажурираат своите телефони и таблети со најновата верзија на нивниот интерфејс од безбедносни причини. Ажурирањето на iOS 18.2.1 зафаќа помеѓу 372...
Новости за „Нинтендо свич 2“
Јапонската мултинационална компанија за видеоигри, „Нинтендо“ (Nintendo) ја навести втората генерација на својата рачна конзола – „Нинтендо свич 2“ (Nintendo Switch 2). Западните медиуми го откриваат и нејзиниот изглед. „Нинтендо свич“ – првата ваква рачна конзола беше издадена во 2017 година и стана трета најпродавана конзола воопшто во историјата, по „Плејстејшн 2“ и „Нинтендо ДС“. Новиот модел, според првичните информации,...
Футуристичкиот град на Тојота наесен ќе добие жители
Околу 100 вработени на позната автомобилска компанија Тојота наесен треба да се вселат во футуристичкиот „Плетен град“ кој компанијата го гради за нив. Тој број треба да се зголеми на вкупно 360 лица во првата фаза, пред населението да достигне 2.000 луѓе. Во „Плетен град“ жителите ќе тестираат нови автономни возила и решенија за мобилност. Улиците ќе бидат поделени во...
Нелегалните казина во Велика Британија привлекувале деца преку видео игри
Во Велика Британија е откриена мрежа на нелегални онлајн казина кои им овозможуваат на децата да се коцкаат со користење на нивните сметки за популарната детска видео игра Roblox, јавуваат британските медиуми. Нелегалните онлајн казина користат една од најпопуларните видео игри во светот за да ги намамат децата на возраст од 12 и повеќе години на коцкање, откри Sky News. Децата...