Фејсбук слави 21 роденден!
Поминаа 21 година откако Марк Цукерберг и неколку пријатели на Харвард ја лансираа мрежата „Thefacebook“. Оттогаш, Фејсбук стана глобален феномен со повеќе од три милијарди корисници и мрежа која засекогаш го промени општеството и односите меѓу луѓето. Првично, мрежата беше достапна само за студентите на Харвард, но таа брзо се прошири за да ги вклучи универзитетите во Колумбија, Стенфорд и...
Претставени скапи „златни“ верзии на „Ајфон“ со логото на „Биткоин“
Американската технолошка компанија „Кавијар“ (Caviar) претстави две свои скапи „златни“ верзии на „Ајфон 16 про“ (iPhone 16 Pro) и „Про макс“ на „Епл“ (Apple). Станува збор за паметни телефони обложени со 24-каратно злато, а дизајнот е инспириран од „Биткоинот“ (Bitcoin). Како што е познато, криптовалутата „Биткоин“, според некои критичари, денес е контроверзна и е нелегална во некои делови од светот. „Биткоин-изданието на...
Alibaba го претстави својот напреден модел на вештачка интелигенција
Кинеската технолошка компанија Alibaba ја интензивираше глобалната конкуренција во сферата на вештачката интелигенција со објавувањето на својот најнов модел Qwen 2.5-Max, позиционирајќи се себеси во првите редови на иновациите за вештачка интелигенција. Со овој напреден модел, Alibaba ги предизвикува и домашните и меѓународните ривали, вклучувајќи ги GPT-4o на OpenAI, Llama 3.1-405B на Meta, како и неодамна објавениот V3 на DeepSeek...
Apple и SpaceX ги здружија силите: Сателитската услуга Starlink за iPhone достапна во бета тестирање
Apple, SpaceX и T-Mobile се здружија за да им овозможат на корисниците на iPhone да испраќаат текстуални пораки преку сателитската мрежа Starlink, што претставува значителен напредок во проширувањето на комуникациските можности, особено во оддалечените области каде што не постои мобилна мрежа. Според извештајот на Bloomberg, Apple ја интегрирал сателитската мрежа Starlink во најновата верзија на оперативниот систем iOS 18.3, која...
Кина го предизвикува глобалниот пазар со „ДипСик“: Почеток на нова ера во вештачката интелигенција
Кинескиот стартап „ДипСик“ (DeepSeek) го привлече вниманието на светот со својата иновација, која ги разниша амбициите на американските технолошки гиганти. Компанијата лансираше десктоп модел на вештачка интелигенција што работи на поевтини чипови и користи помали количини на податоци, со што се предизвикува традиционалниот пристап на скапи и комплексни системи. Ефекти врз глобалниот пазар Потегот на „ДипСик“ предизвика пад на акциите на...
Најголемиот технолошки договор во историјата: Овој американски гигант е во преговори за купување на TikTok за рекордна сума
Една од најпопуларните социјални мрежи во светот наскоро би можела да промени сопственост. Oracle, со потенцијална поддршка од Microsoft, е во преговори за купување на TikTok, додека сегашниот сопственик, кинеската компанија ByteDance, би задржала малцински удел во компанијата. Глобалниот бизнис на TikTok се проценува на најмалку 200 милијарди долари, што би ја направило оваа аквизиција една од најголемите во историјата...
Анхоч и Комикс МК викендов го организираа најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE”
Викендов во Дајмонд Мол во Скопје за првпат се одржа најголемото гејмерско доживување во Македонија „Level Up Experience“ организирано од технолошкиот гигант „Анхоч“ и онлајн медиумот „Комикс МК“. Гејмерите и фановите викендов успеаја да кренат уште еден левел! Гејмерите ги засукаа своите ракави, ги загреаа своите мауси, тастатури, контролери и мобилни телефони, и дојдоа да ги покажат своите вештини и...